Македонскиот дизајнер Златко Јовановски креираше фустан за Јелена Карлеуша по повод нејзиниот роденден
Попознат како „JZJ“, под името кое го носи и неговиот моден бренд, Златко Јовановски важи за еден од најхрабрите модни дизајнери на македонската сцена. Како перфекционист во својата работа и дизајнер за кој не постојат граници во креирањето ги преплави светските магазини, а негови креации носат светски познати имиња.
Јовановски со своите креации им дава храброст на дамите да го носат на себе тоа што отсекогаш го посакувале. Креациите на Златко го привлекоа вниманието и на српската поп – дива пејачка Јелена Карлеуша со која Златко ја оствари својата прва соработка кон крајот на минатата година.
Очигледно соработката меѓу Златко и поп -дивата продолжува и понатаму. Нашиот дизајнер по повод 44-тиот роденден на Карлеуша создаде уште една креација специјално наменета за пејачката во кој позираше за српскиот магазин „Story“.
Креацијата покрај тоа што ја следеше совршената линија на Карлеуша, дополнително ги истакна нејзините атрибути. Прекрасен фустан со корсет кој го истакна нејзиниот струк и преден дел со впечатлив градник, кој покриваше само дел од нејзините гради, формирајќи рајски цвет од кристали.
Креацијата со макси должина совршеното ја следеше заносната фигура на пејачката изработена од материјал со богато навезени светкави детали.
Златко и Јелена делат ист хороскопски знак – Лав. Јелена го прослави својот роденден во Дубаи на 17 август, а Златко два дена порано на 15 август во еден познат скопски ресторан во кругот на своите најблиски пријатели.