Евровизија: Познати првите финалисти

Објавено на 14 мај, 2013 во 21:09

Првата полуфинална вечер на спектакуларното музичко шоу кое годинава се одржува во Малме во Шведска ги донесе првите финалисти.

Молдавија, Литванија, Ирска, Естонија, Белорусија, Данска, Русија, Белгија, Украина и Холандија се земјите кои ќе ги гледаме уште еднаш на големата евровизиска сцена во Малме, во сабота во големото финале.

Од 16 земји учеснички во првата полуфинална вечер, билет за во финалето земаа само 10. За Австрија, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Кипар и Србија заврши евровизискиот пат, не успеаа да ги освојат срцата на жирото и гласовите на публиката.

Претставниците на Република Македонија, Есма и Влатко својот настап ќе го имаат со реден број 3 во втората полуфинална вечер, во  четврток на 16 мај./В.Р

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.