Рок Агресори на „Хаваи“
Објавено на 16 мај, 2013 во 15:50
Рок Агресори деновиве го претставија видео записот за песната „Хаваи“, која се најде на албумот „Агресор Фискултура“.
Автор на музиката и текстот е Зоран Трпков (Фалус Агресор), додека аранжманот е на Александар Ристовски – Принц. Во песната Принц ги отсвири гитарите, бас гитарата и клавијатурите, а се потпишува и како режисер на видео записот. За костимографијата во спотот се погрижи Розе Трајчевска./В.Р
Погледнете како излгеда сето тоа:
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=AGnFWur_GF4&feature=player_embedded{/youtube}
