Есма и Влатко не добија билет за финалето!

Објавено на 16 мај, 2013 во 22:10

Македонските претставници Есма и Влатко не успеаа да ги освојат срцата на публиката и жирито со што не успеаа да се квалификуваат во големото евровизиско финале.

Гламур, шоу, циркус, певливи рефрени, се во едно, беше она што вечерва можеше да се види на сцената во Малме. Седумнаесет држави од Европа во своите три минути им покажаа на гледачите зошто треба да гласаат за нив. Интересно и возбудливо беше од самиот почеток. Нашите претставници Есма и Влатко пеејќи ја „Пред да се раздени“, трети по ред, успешно ги одбранија боите на Македонија.

Но, разочарувачкиот момент беше кога водителката не го изговори името на нашата земја во десетте земји квалификувани во големото финале. Од втората полуфинална вечер, во финалето ќе ги гледаме претставниците на Унгарија, Азербејџан, Грузија, Романија, Норвешка, Исланд, Ерменија, Финска, Малта, Грција.

Годинава на „Евровизија“ не учествуваа Босна и Херцеговина, Португалија, Словачка и Турција. Тие се повлекоа поради политиката на земјите од „големата петорка“ (Англија, Шпанија, Франција, Германија, Италија), кои всушност и го финансираат Евросонг и кои без оглед на квалитетот на песната, имаат обезбедено финале.

Финалната вечер на 58-от избор за песна на Европа ќе се оддржи на 18 мај кога меѓу 26 композиции ќе биде избран победникот на најголемото европско музичко натпеварување./В.Р

Уште еднаш уживајте во настапот на нашите претставници:

{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=dKH2EhGqZL8{/youtube}

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.