АУДИО: Зои Блаж „Љубовта ме води“

Објавено на 23 мај, 2013 во 18:34

Новата песна на Зои Блаж е насловена “Љубовта ме води”. Тоа е опуштена, непретенциозна летна балада во Р&Б стил.

Комплетен автор и продуцент на песната е Александар Масевски. Гитарите во песната ги свири  Иле Спасев, а саксафонот е отсвирен од вештата рака на Горан Папаз. Придружните вокали ги испејаа Билјана Пашариковска, Зои Блаж и Александар Масевски.

За оваа песна Зои направи нова фотосесија со младиот и талентиран фотограф Стефан Соколовски. Шминката е на Глигор Бадев, а фризурата ја изработи Дарко Делов – “Студио Биондина”.

Еве како звучи новата песна на Зои Блаж:

{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=1ahFmo6uIpA{/youtube}

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.