Сигурно се сеќавате: Емотивнa изведба на малото девојче Дарија на „Само да рата не буде“ од Балашевиќ (ВИДЕО)

Објавено на 22 февруари, 2021 во 09:58

samodaratanebude

22.02.2021

Ѓорѓе Балашевиќ уште долго ќе се пее, но и раскажува.

Него и тежината на неговите песни ги препознаваа дури и најмалите

За тоа е доказ оваа неодамнешна изведба на малото русокосо девојче со божествен глас, Дарија Врачевиќ која ја пренесе најубавата и најсилната порака за мир со песната од Ѓорѓе Балашевиќ „Samo da rata ne bude (Само да нема војна)“ на натпреварувањето „Пинкови ѕвездички“.

Дарија ја испеа оваа песна од Балашевиќ во натпреварувањето во 2016 година, кога со секој ритам, со секој акорд, нејзиниот ангелски глас мамеше насмевки, отчукувања на срцата и солзи. 

На Балашевиќ, неговите цитати, сите песни со кои секогаш доловуваше емоции можеби засекогаш ќе се сеќаваат луѓето што живеат на територијата на цела „земја што веќе ја нема″, како што тој умееше да каже.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.