Ријана за првпат во јавност по породувањето

Објавено на 15 јули, 2022 во 13:24

Иако беше главна тема секој ден за време на бременоста, познатата пејачка Ријана реши да се повлече од јавноста откако на 13 мај 2022 година роди син чие име се уште не е познато. Убавата пејачка сега за првпат е видена во јавноста по породувањето, а откриено е и каде се појавила пејачката и како изгледа 2 месеци по раѓањето на нејзиното дете.

Имено, Ријана неодамна се појави во Лондон и со своето присуство предизвика општо бунило меѓу фановите. Таа заминала во британската престолнина бидејќи дошла да го поддржи својот партнер, раперот АСАП Роки, кој настапувал на фестивал во Лондон.

Пејачката за оваа пригода облекла црна јакна од Прада и црни панталони, а обожавателите кои ја виделе во близина на сцената врескале и мавтале воодушевено.

Интересен е податокот дека момчето на пејачката настапи веднаш по поранешниот на Ријана, Крис Браун, кој е познат по тоа што брутално ја претепа.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.