Virgin Galactic објави цена на билет за патување во вселената, акциите скокнаа за 30%

Објавено на 16 февруари, 2022 во 15:47

Вселенската компанија Virgin Galactic, основана од милијардерот Сер Ричард Бренсон, објави дека наскоро ќе почне да прави резервации за своите први комерцијални вселенски летови, објави „Forbes“. Во соопштението, компанијата рече дека планира да продаде 1.000 билети за првите летови што ќе бидат лансирани од космодромот во Ново Мексико „подоцна оваа година“.

Туристите ќе доживеат „неколку минути бестежинска состојба“ и „воодушевувачки погледи на Земјата“.

Virgin објави дека ќе почне да продава билети за 90-минутно патување во вселената за 450.000 долари.

По објавата, акциите на Virgin Galactic пораснаа за 33 отсто на едномесечен максимум од околу 10,91 долари по акција, што помогна да се намалат загубите за повеќе од 80 отсто во текот на изминатата година.

Сепак, акциите на компанијата паднаа за околу 80% од рекордното високо ниво од 57,51 долари во јуни, кога инвеститорите го очекуваа историското прво патување на Бренсон во вселената.

Со својата објава, Virgin Galactic се приклучува на групата компании, основани од милијардери, кои ќе водат туристи во вселената. Во септември, конкурентот на SpaceX влезе во историјата со првиот целосно цивилен екипаж кој полета во вселената. На бродот бил милијардерот Џаред Ајзакман, но цената на патувањето не е објавена.

Основачот на Blue Origin и Amazon, Џеф Безос пак изјави дека заработил речиси 100 милиони долари од продажба на билети.

Вселенските компании заработија рекордни 14,5 милијарди долари приватни инвестиции минатата година, повеќе од 50 отсто повеќе од претходната година, се вели во извештајот на Space Capital со седиште во Њујорк.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.