Белгијската пошта извада поштенска марка со вкус на чоколадо!
Објавено на 7 февруари, 2013 во 11:49
Белгијската пошта следниот месец ќе издаде специјална поштенска марка која ќе ги израдува љубителите на чоколадото.
Во лепакот е додаден вкус на чоколадо кој може да се почувствува кога ќе ја лизнете марката пред да ја залепите. Мирисот на чоколадо е и на самата марка.
„Не беше лесно да се добие прав мирис и вкус на црно чоколадо. На тоа работеа специјалисти од Белгија, Германија, Холандија и Швајцарија“, објаснуваат од белгиската пошта.
„Ова не е прва миризлива марка, но е прва која покрај тоа што мириса има и специфичен вкус“, додаваат тие.
Серијата од пет поштенски марки, наменети за меѓународен сообраќај ќе чинат 6.20 евра кога на 25 март ќе бидат пуштени во продажба.