Преживеал три дена во дивина, пиел течност за контактни леќи и урина!
Објавено на 17 февруари, 2013 во 12:41
Осумнаесетгодишник преживеал три дена во австралиската дивина пиејќи течност за контактни леќи и својата урина, при што загубил 15 килограми.
Сем Дери-Вудхед се наоѓа во болница во Лонгрич, во североисточниот дел на Австралија, каде заздравува од дехидрација.
„Преживеал пиејќи течност за контактни леќи и својата сопствена урина“, изјави неговата мајка.
Момчето за три дена во дивината изгубил 15 килограми.
Дери Вудхед се изгубил во вторникот додека бил на трчање. Тој работел во една сточарска фарма помалку од две недели. Фармата се наоѓа на 90 километри од Лонгрич.