Трикови за колачи,торти и слатки!
Објавено на 21 февруари, 2013 во 10:28
Мајсторите на занаетот открија три интересни трикови за лесно правење на раскошни слатки.
Пенест путер
Путерот е многу тешко да се мати кога е ладен и тврд. Меѓутоа, не е препорачливо ниту да го растопите. Најдобро е да го мешате над пареа за да се загрее. Путерот на овој начин многу лесно ќе го изматите пенесто.
Белки
За белките да ги матите брзо, лесно и да добиете совшен цврст снег, најдобро е пред да ги употребите да отстојат дваесет минути на ладно место . Исто така, може да помогне и малку сол и неколку капки оцет.
За жолчките да останат свежи
Ако после припрема на некој рецепт ви останале жолчки, наместо да ги фрлите може да ги зачувате уште два-три дена. Потребно е само да ставите во шол и да ги налеете со малку масло.