Љубов на прв поглед!
Објавено на 22 февруари, 2013 во 11:09
Дејзи е мало маче, кое за кратко време стана интернет сензација поради фотографиите на кои позира како најдобриот модел во светот.
Толку е мала, што ја собира во една дланка. Сепак, тоа што го нема во висината, го надоместува со својот шарм.
Нејзиниот сопственик, Бен Тород ја фотографирал кога имала само 11 месеци и ги поставувал фотографиите на интернет.