Кој најмногу изневерува?
Стапката на неверство во последните неколку години значително порасна,тврдат резултатите од истражувањето кое го спроведе група угледни американски научници.
Истражувањето кое е спроведено на 1,5 милиони испитаници од пет европски земји,открило дека Париз е првиот град во поглед на неверство во бракот или незаконски врски. Стручњаците истакнуваат дека прељубниците во голем процент се високо образувани и дека 22 отсто од нив работат во банки,финансиски институции и осигурителни друштва.
Голем број од испитаниците признале дека неверството го прават поради желба да ја покажат својата физичка привлечност. Истражувањето покажало дека 80 отсто од испитаниците во Грција, Полска и Бразил веруваат дека љубовните односи се важни за добар брак, додека во Јапонија и Тајланд истото го тврдат 38 отсто од лицата.
Исто така Шведска е земја каде има најмногу тужби за сексуална злоупотреба додека стручњаците претпоставуваат дека е тоа поради судската дефиниција за силување која е поинаква отколку во другите земји од ЕУ. Во истражувањето е наведено дека само 14 отсто од обвинетите за силување во светот на крајот и се осудени.
Исто така стапката на разводи на средината на шеесеттите години во западните земји изнесувала околу 10 отсто а денес во просек е околу 20 отсто.
