Вклучете ги во секојдневната исхрана: Евтини зачини кои ги топат килограмите!
Освен што на јадењата им ја даваат онаа сосем посебна нота и специфичен мирис,зачините имаат делотворно дејство на организмот. Поволно делуваат на имунитетот,ја поттикнуваат циркулацијата на телото а некои од нив помагаат и при топењето на килограмите.
1. Цимет
Една лажиче цимет дневно го намалува нивото на шеќер во крвта и го поттикнува полесното варење на јагленохидратите. Исто така го намалува и лошиот холестерол од 7 до 27 насто. Неговата дополнителна предност е намалување на можноста на појава на метаболитичко пореметување забележано во случај на пред дијабетес. Но ниту со овој омилен зачин со топол мирис не треба да се претерува. Состојката кумарин во преголеми количини може да предизвика оштетување на црниот дроб.
2. Црн пипер
Со солта,црниот пипер е најчест зачин во јадењата и најмалку амбициозните готвачи. Овие мелени црни топчиња го подобруваат варењето и ја поттикнуваат апсорпцијата на хранливи состојки. Нивната главна состојка пиперин која е заслужна за лутиот вкус на овој зачин,го забрзува метаболизмот. Ако сакате таа корисна особина на црниот пипер да ја искористите во најголема мерка најдобро е да го употребите свежо мелен.
3. Ѓумбир
Освен нагласените диуретски особини овој неугледен корен е наречен тоник за целиот систем за варење. Го зголемува варењето и преработката на храна во желудникот и делува како јак антисептик кој ја урамнотежува цревната флора.
