Како лакот да ви трае подолго

Објавено на 22 јули, 2013 во 07:38

Колку често ви се случува да нанесете лак за нокти и во многу краток период да забележите дека веќе е оштетен на неколку места..

Еве неколку совети со кои ќе го продолжите траењето на лакот за нокти..

Ноктите мораат да бидат чисти

Пред да го нанесете лакот секогаш проверете дали ноктите ви се чисти суви и исполирани. Така лакот за време на нанесувањето на бојата ќе се прифати за површината на ноктот и подолго ќе трае.

Внимателно со кремите за раце

Кремите за раце се една од главните причини зошто ноктите се лупат и лакот порано отпаѓа и остава тенок слој на вашите нокти. Затоа пред нанесување на основата кој е добар избор ако сакате да постигнете трајност ватата натопете ја во ацетон и преминете по површината на ноктот за да ги отстраните трагите од кремот за раце. По нанесување на основата на лакот почекајте две три минути пред нанесување на слојот лак за кој сте се одлучиле.

Не ги грицкајте ноктите

Дали е во прашање нервоза или навика или едноставно начин на кој вие ги сечете ноктите со секое гризење отстранувате и дел од бојата.

Држете се до посветли нијанси

Ако избирате потемни нијанси на лак за нокти секоја мана и оштетување повеќе ќе се истакнуваат отколку кога вашите нокти се лакирани со посветла нијанса. Затоа ако сакате вашиот лак за нокти да трае подолго држете се до посветли нијанси.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.