Како со фенг шуи да привлечете повеќе пари

Објавено на 2 август, 2014 во 07:24

Дали знаевте дека со помош на фенг-шуи можете да привлечете повеќе пари во својот живот? Еве неколку фенг-шуи совети за привлекување на парите. Исчистете го нередот од левиот агол во сите соби. Ако се ослободете од непотребните работи, ќе привлечете позитивна енергија.

Поправете ги нефункционалните или скршени работи. Се што не работи не би требало да го чувате во вашиот дом. Исполнете го ова подрачје со симболи на богатство. Тоа би можеле да бидат и слики од некоја луксузна куќа која ја посакувате, модел на јахта или луксузен автомобил. Финансиското подрачје во вашиот дом исполнете го со зелено и виолетово.

Зелената боја ја симболизира виталноста, а виолетовата е боја на богатството. Обратете внимание на тоа како се однесувате со парите. Од паричникот извадете се што е непотребно и однесувајте се кон парите како да ги цените и како да имаат голема вредност за Вас. Ако одбивате да се занимавате со пари, парите ќе се одбиваат од Вас. Затоа избегнувајте трошоци, сметките плаќајте ги на време итн. Живејте дарежливо.

Парите формираат посебна енергија и треба да се движат низ вашиот живот, затоа морате да давате за да имате. Ако навистина немате ни најмалку пари кои би ги делеле со другите, дарувајте ја својата љубезност, време, енергија и вештина.

Бидете благодарни за она што го имате. Што повеќе ги ценете работите кои ги имате, без разлика колку и да се мали, толку повеќе ќе привлекувате и нови работи во својот живот.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.