Суд потврдил дека интернетот е неопходен

Објавено на 4 август, 2014 во 06:05

Не можете да живеете без Јутјуб и Фејсбук? Е па еден германски суд е на ваша страна. Федералниот суд во земјата првпат прогласил дека Интернетот е од клучно значење за секојдневниот живот, исто како и телефонот.

Со оглед на тоа, судот решил дека на еден човек што останал без интернет-услугите од декември 2008 до февруари 2009 година давателот на услугата треба финансиски да му ја надомести загубата, јавува порталот ЦИО. „Бидејќи интернет-конекцијата е важна услуга, на тужителот треба да му се надомести загубата“, пресудил судот.

Човекот барал да му се надомести и губењето на факс-услугите, но судот не го сметал тоа како важно.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.