Лубрикант со марихуана за незаборавно сексуално искуство

Објавено на 6 август, 2014 во 06:36

Канабисот и во минатото се користел ширум светот како афродизијак, а калифорниска компанија сега направи и лубрикант со кокосово и масло од марихуана, наменет, пред се` за дамите.

„Фориа“, како што го именуваа производителите овој производ, може да се проголта или да се примени локално, односно како лубрикант, за дамите „да бидат поопуштени и подготвени за сензуално искуство“.

Производителите нагласуваат дека „Фориа“ треба да се користи внимателно затоа што може да ве „зашемети“ исто како џоинт, а Афродита групата која го продава овој лубрикант, тврди дека жените кои го употребувале овој лубрикант немале такви последици, туку само биле поопуштени.

„Психоактивните ефекти на ова масло, доколку се употребува орално, се еднакви на ефектите кои може да ги имаат други конзумирачки производи со марихуана“, објаснија луѓето од оваа група.

Канабисот во традиционалните култури ширум светот некогаш се користел како афродизијак, што ги инспирирало производителите да направат ваков лубрикант. „Кај некои жени, тоа може да го зголеми сексуалниот апетит и да доведе до поинтензивни оргазми или дамите да ги доживеат побрзо“, велат производителите на „Фиора“.

„Исто така, ова масло може да го зголеми лачењето на природните лубриканти, да ја намали болката или тензијата, да им помогне на дамите да се опуштат во текот на сексот и да доживеат незаборавно искуство.“

Во секој случај, овој лубрикант не може да се користи исто како и било кој друг. Треба да се нанесе, орално или локално, половина час пред сексот, колку што е потребно за да се активираат супстанците и кожата да ги апсорбира. Можат да го користат и мажи, но наменет е пред се` за жените, затоа што мембраната на вагината е почувствителна и полесно ги впива состојките.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.