Њујорк не ги сака лебедите

Објавено на 11 август, 2014 во 07:32

Нивната убавина се слави од антиката, во Англија ги штити кралицата, а државата Њујорк објави војна на лебедите и сака да ги истреби сметајќи дека претставуваат закана. Планот е да се усмртат 2.200 лебеди до 2015 година.

Лебедите во Северна Америка ги донесоа европските колонизатори за да ги украсат своите имоти кон крајот на 19 век. Но, во 21 век нивната романтична убвина ги остава властите студени.

Лебедите напаѓаат луѓе, ја уништуваат вегетацијата, ги загрозуваат локалните животински видови, претставуваат закана за авионите и ги загадуваат водените текови, затоа што нивниот измет може да ја содржи бактеријата ешерихија коли, се наведува во податоците на Министерството за заштита на животната средина на државата Њујорк.

Здружението Goose Watch NYC (надзор на гуски во Њујорк) која веќе се противи на ограничувањето на бројот на гуски, побара планот да се укине. Петиција против планот на интернет станицата на здружението до вторникот собра 26.110 потписи.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.