Пеколното лето пристигнува, ќе трае до ноември!

Објавено на 13 август, 2014 во 07:33

Научниците од Универзитетот МекГил во најновата студија за глобалното загревање предупредуваат дека човештвото после 15 години мирување ќе се соочи со температурен пекол!

– Наредните години нè чекаат големи горештини поради зголемување на гасовите од „стаклената бавча“, кои досега не го покажале својот полн разорен потенцијал – велат тие.

Тие тврдат дека од 1998. до 2013. година растот на глобалната температура стагнирал, што е природна појава и трае во интервали од околу 15 години, но не може да се препише на намалување на количината на гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина како што досега се мислело.

Од 1998. година темепратурата се намалила од 0,27 до 0,37 Целзиусови степени, објавија научниците на овој универзитет.

– Сепак, следните години не очекуваат големи жештини поради зголемената количина на ефектот на стаклена градина кој досега не го покажа својот полн разорен потеницијал – оценил еден од авторите Шон ЛАвџој.

Од 1992. до 1998. година глобалната температура растеше со рапидна брзина, а потоа застана на одредено ниво. Сега повторно почна нова доба на промени, тврди овој ценет научник.

Последната таква голема пауза била помеѓу 1944. и 1976. година, и тоа природно ладење привремено го прикрило трендот на топење кој сега се очекува во полн замав.

Тоа е во склад со повторувањата кои се забележеани во последните 20 до 50 години за што научниците нашле докази во ледените језгри и седиментираните езера. Многу метереолози тврдат дека во последните 30 години не паметат вакво необично лето.

Натпросечно топли беа месеците пред летниот период, и зимски и пролетни, а такви промени на времето доведуваат до „метеоекстрема“.

Сезоната за капење ќе потрае до ноември 2014, убедени се метеоролозите.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.