Хотел за млади како од рајот

Објавено на 13 август, 2014 во 08:43

Хотелот “Adam & Eve” се наоѓа во Балек, на само 45 километри оддалеченост од центарот на Анталија и 35 километри од аеродромот.

Овој неверојатен угостителски објект има вкупно 469 соби во кои што се наоѓаат повеќе од 1.000 кревети.

Базенот “Relax” е долг 104 метри и е најголем хотелски базен во светот, воедно и вистинско место за хедонистите, но покрај овој, хотелот го има и базенот “Beach Club”, долг 50 метри, како и уште неколку приватни базени и базен со тобоган. За паровите кои што имаат деца, во рамките на хотелот направен е и детски затворен и отворен базен.

Хотелот има три балски сали, две конференциски сали и шест сали за состаноци. Овој комплекс има седум ресторани, од кои секој е посебен на свој начин, меѓутоа оној најспецифичниот е “Blind Restaurant” ресторан, во кој што се јаде во целосен мрак. Исто така, во хотелот се сместени и 11 барови, од кои што десет се во “ultra all inclusive” концептот, се со цел да се обезбеди неповторливо вечерно забавување.

Оние кои што веќе го посетиле хотелот, велат дека станува збор за вистински рај за хедонистите… Огромни кревети со површина од 24 метри квадратни, затоплени бањи за две лица, плазма телевизор и џакузи се само дел од опремата во футуристичките соби. Ѕидовите од огледало, софа на терасите и многу други неверојатни нешта се сместени во собите чии што површини се движат од 64 па дури до 1.212 квадрати, а сето тоа е само уште една гаранција дека станува збор за спектакуларен хотел. Во рамките на истиот, постојат и посебни приватни вили.

Хотелот е и своевидна сцена на која што секоја вечер се организираат забави со светски ѕвезди и познати диџеи, па токму затоа, голем број на лица од џет-сетот го сметаат овој хотел за своја омилена дестинација.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.