Древните Европјани имале темен тен и сини очи
Научниците велат дека се близу до откритието за прашањето како изгледале древните Европјани. После низата истражувања на оваа тема, тие успеале да го издвојат ДНК материјалот од фосилните остатоци пронајдени во скелетот на прачовекот кој живеел околу 7000 години во Шпанија и интересен е фактот дека тој има необична комбинација од темен тен и коса, но сини очи.
Воедно, нивните истражувања доведуваат до заклучокот дека бојата на очите се менувала побрзо од бојата на кожата.
„Фасцинантен е фактот дека нашите предци од Европа имаат африкански ген, кој ја диктира бојата на очите. Тој има генетски сличности со Скандинавците, но и со луѓето кои живееле на Сибир,“ вели професорот Карлес Фокс.
Според тоа, денешните податоци покажуваат дека темната кожа на древните Европјани еволуирала во последните неколку илјади години.
Човекот со темен тен и сини очи бил висок околу 170 сантиметри и стар околу 30 години. Неговиот ДНК открива дека бил имун на лактоза и дека неговиот организам не можел да го преработи скробот.
