Колку изнесуваат трошоците на супер богатите?

Објавено на 29 август, 2014 во 05:40

Аналитичарите на Си-Ен-Ен велат дека годишната сметка за „основно одржување“ на супер богатите изнесува 1,15 милиони долари.

Земени се во предвид трошоците за одржување на домаќинствата, становите, јахтите, грижата за децата и домашните миленици, но и трошоците за возачи, приватни авиони и одржување на имотите во село.

Просечните суми се извлечени од податоците на агенцијата „Павилон“ и компанијата „Квинтесеншали пипл“.

Еве колку чини животот на супер богатите на годишно ниво, изразено во долари:

– Одржување на стан: домашна помошничка 75.000, обезбедување 100.000, личен асистент 90.000, готвач 100.000. Вкупно      365.000 долари.|

– Јахта: капетан 20.000, послуга 9.000, дополнителен персонал 8.000, готвач 7.000. Вкупно 44.000 долари.

– Грижа за семејството: бебиситерка 80.000, приватни професори 15.000, шетач на куќа  6.000. Вкупно 101.000 долари.

– Имот на село: домаќин 19.000, градинар 80.000. Вкупно 99.000 долари.

– Авион: пилот 300.000, стјуардеса 150.000. Вкупно 450.000 долари.

– Автомобил: возач 90.000. Вкупно 90.000 долари.

Вкупно: 1,15 милиони долари.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.