Есента, идеално годишно време за секс!?
Всушност, истражувањето објавено во „Business Insider“ покажува дека есента е идеално годишно време за секс. Во есен, нивото на хормоните кај мажите и жените значително расте, а со тоа и сексуалната желба.
– Не морате да облекувате дебели волнени чорапи кои никому не се секси
– Полека станува ладно, но сеуште немате уклучено грејни тела. Па, сексот може да биде совршена активност за да се загреете
– Жешкиот алкохолен пијалок од јаболка е моќен афродизијак. Ретко кој знае за ова
– Дали некогаш сте имале секс меѓу златни лисја во природа? Ако не, тогаш време е
– Во есен во секое парче облека кое го носите изгледате секси бидејќи умешно ги крие сите ваши недостатоци
– Соблекувањето е позабавно кога морате да соблечете повеќе парчиња облека
– Есента е идеална бидејќи не ви е ни ладно, ни топло, па не сте преоблечени и не се потите
– Порано се стемнува што значи дека порано можете да преземете акција
– Имате време и за утрински секс бидејќи се разденува покасно
– Психолозите велат дека есента е идеална за швалерски секс
– Во есен се случуваат голем број на спортски натпревари, па доколку вашиот тим загуби, сексот е одлична утеха
– Есента со себе носи и многу дожд, па оваа атмосфера е идеална да се затворите во топлиот дом и да се препуштите на жешките игри
– Есента е период на голем број прослави на кои има многу храна поради што ги накачуваме килограмите. Сексот е одлична активност со која ќе ги согорите вишокот на калории
– Дочекајте го својот партнер во неговиот омилен џемпер, но не носете ништо под него. Овој сигнал е доволно јасен
– Есента е доба на мармалади и компоти, а тие и тоа како можат да бидат секс играчки. Само препуштете се на фантазијата!
