Стара железничка станица во Шведска претворена во стилски „хотел за велосипеди“

Објавено на 29 ноември, 2014 во 09:16

Во норвешкиот град Драмер, старата железничка станица од 1868 година беше претворена во паркинг-простор за велосипеди, како мотивација на граѓаните да ги употребуваат почесто.

Овој т.н. Хотел за велосипеди, содржи паркинг места за 134 велосипеди и две посебни места за карго-велосипеди, како и место за полнење на електричните велосипеди и воздушни пумпи. Членовите што го користат овој хотел, може да го отклучат со апликација на мобилен.

Архитектите од студиото MMW, при изработката на овој проект пристапуваат внимателно за да го зачуваат оригиналниот архитектонски израз кој е изразен преку необична дрвена комбинација од француски, швајцарски, германски и средновековен норвешки стил, со кој се прославува националното ослободување од Шведска.

„Ние сакавме да се зачува и заштити оваа необична дрвена конструкција која секојдневно ќе ги потсетува луѓето на еден историски миг, колку убави се градежните традиции на Норвешка. Сакавме дури и да мириса на старите денови па го употребивме стариот катранов мирис од нафтените деривати“, објаснуваат архитектите.

Извор:Порта 3

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.