Како хороскопските знаци ги преживуваат разделбите!
Прочитајте како хороскопските знаци реагираат кога ќе дојде време да се разделат од некого.
Овен: Болно ги доживува разделбите иако се труди да остави впечаток дека е неодолив срцекршач но кога Овенот ќе го фатат љубовните маки не му е лесно во сопствената кожа. Иако е огнен знак се чувствува како полеан со ладна вода ако дојде до разделба со партнерот. Во колку не му појде од рака да ја придобие личноста по која чезне тогаш се свртува кон чашката или пријателите, роднините или колегите.
Бик: Делува опуштено како да нема никакви проблеми, па дури ни љубовни, тешко ја поднесува разделбата со саканата личност дури и кога некој од двајцата треба да отпатува. Доколку разделбата е засекогаш, емотивниот Бик, ќе се вовлече дома и ќе страда во тишина, евентуално ќе разговара со најдобриот пријател кој тешко ќе го извлече од дома. Ако излезе, останува до фајронт обидувајќи се да најде утеха во песните кои го потсетуваат на партнерот.
Близнаци: Иако делуваат дека се, па дури и љубовните разделби, ги преживува спортски по принцип „не е тој/таа единствен/а на свет“ на Близнаците воопшто не им е лесно. Навикнати се да ги сакаат сите, да ги повикуваат, да ги влечат за ракав и да ги молат да останат уште малку затоа што не им е јасно кој и зошто би можел да ги остави. А кога ќе се случи тоа на саканата личност и праќаат смс пораки, ја повикуваат на телефон и спуштаат слушалка, пишуваат мејлови, ја чекаат пред куќа или работа и разговараат со сите кои се во контакт со неа.
Рак: Тој многу тешко ги преживува разделбите, дури и малите разделби од саканите личности, па во очај лесно свртува од вистинскиот пат. Утеха наоѓаат во алкохолот и храната, лута од една во друга кафеана и често без некоја мерка паѓа во прегратка на личности кои му се под ниво. Не се грижи Ракот за ништо, ни кој зборува за него, само сонува за денот кога повторно ќе ја види љубовта на својот живот. Се останато му е неважно па дури и советите на семејството
Лав: Гордиот Лав страда драматично, отворено и сите околу него мораат да знаат дека е емотивно ранет и да страдаат заедно со него. Бидејќи нему му се тешки разделбите понекогаш не може да разбере дали е тоа поради повредената суета или скршеното срце. А можеби и едното и другото, вака размислува само Лавот.
Девица: Пребирливата но, трпелива Девицата тешко ја оставаат а воколку дојде до тоа таа ќе направи се за да ја дознае причината. Ќе ја грицка својата омилена црна чоколада, ќе смислува пораки кои ќе и ги праќа на саканата личност. Кога ќе посака да го остави партнерот ќе направи се за да изгледа дека таа е оставена, зашто нема потреба да се комплицира животот кога и онака е доволно комплициран и без љубовни страдања.
Вага: Како родена глумица воздржана и суетна, нема никому па ни на саканата личност, да и го даде тоа задоволство да ја гледа нејзината болка и нејзиниот урнат свет, ако е оставена и мора некако да ја преживее љубовната разделба. Ќе се смешка пред другите и ќе се прави дека таа го оставила партнерот а не тој неа, додека дома ќе јаде слатки, ќе плаче и ќе се буди на перницата која се уште мириса на парфемот на личноста која ја сака до болка.
Скорпија: Таа страда како ниеден друг знак кога е вљубена и кога е оставена, особено од личноста која ја сака, при што чувствува речиси физичка болка ако дојде до разделба. Не знае кој попрво да повика, со кого да зборува така тажна бидејќи за Скорпијата се најтажни љубовните маки. А разделбите, има ли нешто полошо и понеподносливо од нив? Ниеден пријател, ниедна кафеана, како ни еден или безброј пијалаци не можат тука да и помогнат бидејќи Скорпијата најтешко ги поднесува разделбите.
Стрелец: Како Стрелецот би ја преболел љубовната разделба ако не побегне некаде од суровата реалност, поради која страда? На пат, секако ама ако не е во можност, ќе се упати во омилениот ресторан или ќе се вози со колата по град и ќе намине во видеотека да земе филм кој би сакал да го гледа со саканата личност. И тој сега е сам, но тогаш нели е попаметно да размислува за некоја нова средба а не за таа грозна разделба?
Јарец: На практичниот но чувствителен Јарец не му е јасно кој бил толку луд што го оставил кога нема што не би направил за личноста која ја сака. Koга e оставeн мисли дека со него нешто не е во ред и го враќа филмот наназад за да пронајде барем нешто што на неговиот партнер не му одговарало. Во мислите се враќа на старите љубови и ги враќа сеќавањата и желбата за нив. Се, некогаш било подобро, поромантично, поискрено и повозвишено, особено во љубовта, се теши Јарецот, сам со својата болка.
Водолија: Како живее така и страда – нагоре, надолу од крајност во крајност оставена после љубовната разделба Водолијата трча од кафеана во кафеана, од пријател до пријател не сфаќајќи дека партнерот ја оставил зашто никогаш не бил начисто со нејзините намери, планови, ветувања и чувства. Се она што би требало да и објасни на саканата личност залудената Водолија се обидува да го објасни на некој познаник, пријател или колега кој го одвлекла во кафеана за да се исплаче.
Риби: Рибите се родени за страдање, сочувство и болка која ја поднесуваат така филмски како да се родиле со неа а можеби и се, бидејќи тагата во нивниот поглед е поголема од сите зборови, јадови и солзи кои остануваат неизлеани, бидејќи Рибите знаат да патат во самотија. И така во сопственото самосожалување, несфатени и отфрлени од партнерот Рибите во својата емотивна конфузија се потсетуваат на некои други љубовни разделби поради кои мислеле дека ќе запре светот. А ете, сепак сеуште се се врти околу љубовта.