Илон Маск за 2,9 милијарди долари стана најголем акционер во Твитер

Објавено на 5 април, 2022 во 11:03

Илон Маск откри дека има удел од 9,2% во Twitter Inc (TWTR.N), вреден речиси 3 милијарди долари, што го прави најголемиот акционер на социјалната мрежа и предизвика повеќе од 25% пораст на акциите на компанијата, пишува „Reuters“.

Маск има над 80 милиони следбеници откако се приклучи на страницата во 2009 година. Меѓутоа, во последно време, најбогатиот човек во светот ја критикуваше платформата за социјалните медиуми и нејзините политики, а неодамна спроведе анкета на „Твитер“ во која ги праша корисниците дали веруваат дека платформата се придржува до принципот на слобода на говорот, на што над 70% гласаа „не“.

Маск поседува 73,5 милиони акции на „Twitter”, проценувајќи го својот пасивен удел во компанијата на 2,9 милијарди долари на основа на затворањето на акциите во петок. Акциите ги држи „Elon Musk Revocable Trust”. The Vanguard Group е вториот најголем акционер на „Twitter“, со удел од 8,79%.

„Тоа навистина испраќа порака до Твитер… имајќи значаен удел во компанијата ќе ги задржи на прсти, бидејќи тој пасивен влог многу брзо може да стане активен влог“, рече Томас Хејс, управен член во „Great Hill Capital LLC“.

Регулаторното поднесување во понеделникот покажа дека Маск поседува 73,5 милиони акции на Твитер, кои се во сопственост на отповиклив труст на Елон Маск, чијшто тој е единствен повереник.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.