Кои делови од телото најмалку ги заштитуваме од сонце, а потребно е!

Објавено на 4 август, 2021 во 16:31

Секојдневното нанесеување крема за сончање е еден од најефикасните начини за заштита на вашата кожа од изложеност на сонце, но некои делови од телото се едноставно заобиколени, што не треба да биде така.

За тоа предупредуваат и дерматолозите д-р Карен Кембел и д-р Хедер Волли-Лојд, кои ги издвоија деловите од телото што луѓето обично забораваат да ги штитат од ефектите на сончевите зраци, а на кои треба да се примени кремата за сончање.

– Луѓето обично забораваат да ги намачкаат самите рабови на лицето, односно вилицата, пределот на слепоочниците и деловите на лицето близу до корените на косата – вели д-р Кембел.

Лекарот ги советува нејзините пациенти секогаш да користат сончање со најмалку SPF 30 заштита и широк опсег, што значи дека штити од УВА и УВБ зраци.

„Не ги заборавајте ниту ушите“, предупреди д-р Кембел, додавајќи дека дури и ако го скриете лицето под капа, ушите обично остануваат незаштитени.

– Усните се едно од најкритичните места за развој на рак на кожата – предупредува лекарот. За да ги заштити усните, таа препорачува мелем за усни што содржи SPF.

Задниот дел од вратот е исто така место што луѓето обично го забораваат. Кога температурите се високи, обично ја кревате косата за да се олади, така што тој дел останува незаштитен. Дури и ако возите, вратот е често изложен на сончевите зраци.

Но, бидејќи нема да нанесете крема за сончање на темето, носењето капа е најдобриот начин да ја заштитите главата од УВ зраците.

Кога нанесувате крема за сончање, не ги заборавајте врвовите на прстите на рацете и нозете. Кога вашата кожа е подложена на сонце подолг временски период, таа почнува да губи колаген и еластичност, а тоа може да се види особено на прстите.

– Креми за сончање кои содржат цинк оксид или титаниум диоксид обезбедуваат одлична заштита и се корисни за луѓето со чувствителна кожа – рече д-р Волери-Лојд.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.