Шест емотикон копчиња замена за like
Социјалната мрежа Фејбук подготви шест емотикон копчиња кои наскоро би биле замена за like копчето на Facebook.
Некогаш изразувањето на емоции, меѓу кои и жалење на некој од статусите не е соодветен за like. Подолго време се шпекулираше дека ќе се додаде dislike копче, но поради стравување од реакцијaта на брендовите, дека ќе добиваат негативни коментари и намалена интеракција со корисниците, што за Facebook би значело и помалку пари од реклами, идејата за dislike беше отфрлена.
Сега Facebook ќе претстави ново мени со шест емоции кои ќе донесат разновидност во невербалната комуникација. Like ќе биде заменет со love, а друштво ќе му прават и лутење, жалење, wow, хаха и yay. Според Facebook кој соработувал со социолози да го реши проблемот со вистинската форма за искажување на емоции, овие шест икони се најчесто користените реакции во коментарите, пренесува The Next Web.
Тестовите веќе се започнати во неколку држави помеѓу кои се Ирска, Шпанија, Португалија, Филипини, Чиле и Јапонија. Реакциите ќе бидат достапни преку подолгo притискање на like по што ќе се отвори листата за избор. Oва подоцна би требало да биде комплетно заменето со мени кое ќе ги содржи сите емоции.