Кој ни го краде времето во текот на денот?
Објавено: 19 февруари, 2013, во 10:09 часот
Управувањето со времето (time menagment) претставува процес на планирање и контролирање на времето кое се троши на конкретни активности, а во целост ја зголемува ефикасноста, ефективноста и продуктивноста.
Со помош на планирање, поставување цели, делегирање на работи, одредување приоритети, анализирање на потрошено време, можеме своето време подобро да го организираме и за краток период да завршиме поголем број на обврски.
На основа на истражување спроведено на сајтот Office Time, кое опфатило преку 600 испитаници, пред се сопственици на мали претпријатија, хонорарни работници и други експерти, најголеми убијци на продуктивноста се:
10. Занимавање со Бирократски работи – 8%
9. Разговарање на мобилен телефон и испраќање на смс поракаи – 10%
8. Социјални мрежи – 11%
7. Патување до работа и назад – 13%
6. Разговори поврзани со работа – 16%
5. Состаноци – 18%
4. Одлагање, одолговлекување на работа – 19%
3. Гледање телевизија – 26%
2. Пребарување на Интернет – 27%
1. Електронска пошта – 33%
