Доаѓа мала надоградба на Андроид
Објавено: 5 септември, 2013, во 09:18 часот
Еден од водачите на Android тимот на Google, Sundar Pichai, постираше една необична слика од огромна Android статуа, со што е откриено името на следната верзија…
На тревникот пред зградата „44′ на Google е еден огромен чоколаден монолит наречен KitKat. Ова не е Android 5.0 верзијата, туку станува збор за мала надоградба која веројатно ќе ја добиеме во октомври или ноември со ознаката Android 4.4.
Официјалниот Twitter акаунт исто така ја потврди веста, односно призна дека е направено партнерство помеѓу Nestle и Google. Целта на двете компании е да доделуваат бесплатни подароци со секој купен уред, но и со купените чоколади на Nestle. Наскоро ќе има KitKat чоколади со Android дизајн, а потрошувачите ќе имаат шанса да добијат 1,000 Nexus 7 таблети, 150,000 кредити од 5 долари за Google Play Store и 20,000 купони за торба со 1 килограм KitKat подароци.
Веб-страна на Android KitKat веќе е функционална, а на неа можете да ја погледнете историјата на платформата од Android 1.5 Cupcake, па се до Android 4.3 Jelly Be
Извор: GSM
