Германски еликсир за здравје за кој досега не сте слушнале

Објавено на 4 октомври, 2014 во 07:59

Главната намена на еликсирот е лечење и превенција на затнатите артерии,регулирање на зголемените маснотии во крвта,спречување на тумор,лечење на инфекции и настинки,интензивно јакнење на имунолошкиот систем,чистење на црниот дроб… Се работи за пијалак направен од лук,ѓумбир,лимон и вода.

Потребни состојки:

4 поголеми главици лук

4комплет лимони со кора

Мал корен од ѓумбир или две супени лажици

2 литри чиста вода

Подготовка

Лимонот добро измијте го и исечете го на парчиња. Излупете го лукот и заедно со лимонот и ѓумбирот ставете ги во блендер,измиксајте добро во изедначена смеса. Потоа ставате ја смесата во метален сад,ставете 2 литри вода и загрејте се заедно со мешање до точка на вриење. Веднаш пред точката на вриење исклучете и оставете добро да се излади. Процедите низ средно густа цедалка и наполнете стаклени шишиња.

Напивката се пие секој ден по една чаша од 2 дл најмалку 2 часа пред јадење,односно на празен желудник. Напивката чувајте ја во фрижидер.

Третманот трае 3 недели со секојдневно консумирање на една чаша по што треба да направите пауза од една недела и можете повторно да продолжите со консумирање во ист циклус. Доколку вкусот не ви одговара можете да додадете мед по вкус. После 3 недели користење би требало да почувствувате значајна регенерација на телото од користењето на пијалакот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.