СИМ картките заминуваат во историја?

Објавено на 21 октомври, 2014 во 10:24

Познатите СИМ картички што ги користат мобилните телефони уште од појавата на првите модели најверојанто наскоро ќе останат историја. Компанијата Apple едноставно кажано ги “мрази” СИМ картичките уште од кога го претставија и првиот iPhone паметен телефон, а сега со новите таблети iPad Air 2 и iPad mini 3, Apple по прв пат започна да користи и нов вид на СИМ картички.

Се работи за картичка именувана како “Apple SIM”, која е вградена во уредот и која може да се репрограмира ако корисникот се одлучи за промена на операторот. “Apple SIM” се’ уште може да се извади, а засега, споменатите таблети кои можат да се купат од операторите ќе ја користат стандардната СИМ картичка. Меѓутоа, за година или две, веројатно никогаш повеќе нема да ја гледаме стандардната СИМ картичка, барем не кога се работи за производите на Apple.

Всушност, секој пат кога во Apple ќе се одлучеа за малку да си “поиграат” со СИМ картичките, тие секогаш претставуваа и воведуваа значајни напредоци на ова поле. На оригиналниот iPhone кој се појави уште во 2007-мата година, до СИМ картичките можеше да се пристапи единствено со протнување на игличка во дупчето кое се наоѓаше поставено странично, а дури тогаш таа излегуваше од своето лежиште. Денес, овој принцип се применува кај голем број на уреди, но тогаш се сметало дека е само една голема лудост.

За сега “Apple SIM” поддржува многу мал број на оператори, главно оние најголемите како што се AT&T, T-Mobile и Sprint. Сега уште останува да видиме дали Apple во следниот период ќе успее со оваа “Apple SIM” картичка, но идејата како таква звучи навистина примамливо.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.