Како до подобра батерија на вашиот смартфон
Постои мит дека доколку користите полначи од разни производители можете да ја унитите батеријата на вашиот смартфон. Вистината е дека користењето на полначи од разлилни производители не ја уништуваат батеријата, туку тоа може да се случи само доколку користете нивни евтини копии. За да имате добра батерија немојте да купувате ефтини полначи.
Исто така постои верување дека не треба да се користи телефонот додека е приклучен да се полни. Не е тоа вистина. Можете да го користете колку сакате, доколку истиот се полни на квалитетен или оригинален полнач.
Често се прашувате дали доколку телефонот остане цела ноќ на полнач може да ја уништи батеријата Не е тоа вистина. Вистина: Вашиот телефон е попаметен отколку што мислите. Кога бтеијата ќе се наполни таа сама знае да го прекине процесот на полнење.
Дали треба да се гаси повремено телефонот. Одговорот е ДА. Бидејќи на секоја машина и треба пауза. Од Apple препорачуваат телефонот да се рестартира најмалку еднаш неделно а слични препораки има и за корисниците на Андорид.
Вистина: Подобро да ја полните батеријата секој ден без разлика дали се испразнила отколку да чекате да се испразни до крај. Литиумските бтерии работат подобро кога често се полнат. Ако често ги пуштате да се испразнат до крај, стануваат нестабилни. Вашата батерија има одреден број вкупни дополнувања и кога ќе се испразни до крај, тоа е едно дополнување помалку во вкупниот живот на батериите.
Топлината и технологијата едноставно не одат заедно, а тоа важи и за батериите. Литиумските батерии се греат сами о себе и тоа уште повеќе кога се полнат. На нив влијае и надворешната температура. Батериите побрзо се празнат кога сте на студено.
