Листа со најбрзите телефони во светот
Популарната крос-платформа Antutu објави листа на десет најбрзи смартфони за третиот квартал од годинава.
Треба да се напомене дека избраните уреди моментално се наоѓаат на пазарот, но не мора да значи дека скоро и се претставени на јавноста, односно можно е да се произведени и пласирани пред 2015 година. Критериумите и правилата на тестирање се поставени од Antutu, чиј бенчмарк и тоа како е ценет во светот.
Сигурно не би погодиле кој е на првото место. Мeizu Pro5 e речиси непознат модел на паметен телефон, пред се затоа што го нема на нашиот пазар. Иако неодамна имаа проблеми со испораката поради големите поплави во Кина, Мeizu Pro5 ја засени конкуренцијата. Мeizu Pro5 има Exynos 7420 процесор, а може да се пофали и со дисплеј со 1080p резолуција. Вкупниот број на поени кои ги освои овој смартфон на тестот изнесува 76.852.
Наредните четири места ги зазедоа модели на Samsung – Galaxy Note 5, Galaxy S6 Edge+, Galaxy S6 и Galaxy S6 Edge. Сите овие, го користат истиот процесор како и Meizu Pro5. Последните пет смартфони имаат Snapdragon 810 процесор.