Под македонско знаме и со песната „Зошто си ме мајко родила“, е погребан Аки Рахимовски (Видео)

Објавено на 28 јануари, 2022 во 10:25

Легендарниот пејач Аки Рахимовски за последен пат беше испратен на загрепски Мирогој во Алејата на великаните.

Ковчегот на Аки Рахимовски беше покриен со македонско знаме, а на него имаше црвени рози. Пејачот беше испратен во последното почивалиште со песната „Зошто си ме мајко родила“.

На погребот се собраа бројни пријатели и колеги и членови на семејството. Емотивниот говор на неговата ќерка Дина расплака многумина.

-Еднаш рече дека е лесно да се биде висок, но тешко е да се биде голем човек, зборувала Дина со скршено срце.

-Ти благодарам тато што ме научи дека човекот е само мал под ѕвездите. Ајде бегај, така ми кажа, бегај ќерко. Бегај тато затоа што им е досадно горе без тебе. И само да знаеш, само ти тато, и никој како тебе, рекла ќерката на Рахимовски.

-Те сакам тато, го завршила својот говор, пренесува хрватски „Индекс“.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.