Со лимон и афион до мека и блескава кожа

Објавено на 16 јануари, 2016 во 07:49

Да биде здрава и убава кожата потребни се пилинзи. Природните се често пати многу подобар избор од оние од продавница, и затоа ви предлагаме да направиме едноставен рецепт за пилинг со кора од лимон и афион со кој вашата кожа ќе блесне.

Количината на состојки зависи од тоа дали сакате да направите пилинг на кожата на лицето или на целото тело. За пилинг на лицето измешајте сок од еден лимон со лажица (или повеќе) афион и половина лажица мед за да добиете густа смеса. Мешавина нежно измасирајте ја на лицето и исплакнете со млака вода.

Како природен извор на витамин Ц лимонот ќе ја осветли кожата, а со афионот полесно и побрзо ќе ги отстраните мртвите клетки од кожата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.