Обојте ја бизнис облеката во пастелни нијанси

Објавено на 29 јануари, 2016 во 08:23

Деловниот дрескод најчесто е дефиниран со строги правила во однос на должината на здолништето, класични кроеви, форми кои не се трендовски, особно во боите кои треба да бидат темни и незабележителни.

Но, неретко се провлекуваат современи правила и совети кои велат дека жената не треба да се ограничува на црни, неженствени и застарени модели, туку треба нешто да промени во изборот на деловна облека. За да постигнете ведар, но сепак професионален изглед потребни ви се следниве седум клучни парчиња:

 

-Црно здолниште со заводлив крој а кое ја задржува задоволителната должина за во канцеларија и одлично се комбинира со бела кошула.

-Чевли со мали потпетици, кои се елегантни, имаат женствен врв и оптимална висина. Стилистите советуваат да ги избегнувате чевлите со вртоглаво високи потпетици и да ги носите само во вечерни пригоди.

-Наместо црн костим изберете пастелно струкирано сако. Класичните сакоа и рамни панталони се досаден и неинвентивен деловен изглед, не и’ ласкаат на силуетата.

-Здолниште со А-крој, со должина под колена и со цветен дезен со кое во еден потег ќе го освежите деловниот изглед.

-Сакото со интересен принт може да го комбинирате со црни панталони или класично темно здолниште, но пак ќе изгледате професионално и разиграно во исто време.

-Знаеме дека на работа не тргнувате без поголема чанта, па предлагаме да изберете модел во боја, со средна големина и со коцкеста форма која последниве сезони е во тренд.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.