Петте највлијателни мода центри во светот!
Бразил, Италија, Јапонија, Франција и САД се резиденции на петте највлијателни модни недели во светот на модата. Тие ги носат сезонските новини и ги диктираат трендовите.
Сан Паоло, Бразил
На модната недела во Сан Паоло, главниот град на костимот за капење, со нетрпение се очекува да се видат најубавите костими за капење за претстојната сезона. Освен тоа, во организациска смисла, таа е еден од најпрестижните модни настани во светот.
Милано, Италија
Долче и Габана, Прага, Армани, Гучи и Фенди… Сите италијански модни икони се собираат на едно место во својата матична земја за го покажат најновото од својата работа. Тука се поставуваат најновите светски трендови.
Токио, Јапонија
Оваа модна недела е интересна затоа што ја претставува модата од различна страна на светот. Но не само тоа. Речиси секогаш, модната недела во Токио промовира некој нов млад дизајнер.
Париз, Франција
Кога на едно место ќе се појават Ив Сен Лоран, Кристијан Диор, Жан Пол Готје, Луис Витон и други големи француски модни имиња, што може да се очекува? Одлично шоу, многу убава мода и многу новини.
Њу Јорк, САД
Билетите за овој настан се купуваат многу порано и се распродаат неверојатно брзо. Познато е тоа што тука можат да се видат многу различни работи на едно место. А од имињата, доволно е да се спомнат Александар Ванг и Мајкл Корс и многу други интересни дизајнери./Б.Н.Т