Шминка во лето!?
Кремот против силните сончеви зраци, со фактор не помал од 15, ќе ви ја заштити кожата од предвремено стареење.
Заменете ја тешката основа за шминка (пудрата) со лесен крем. Ако е потребно, употребете малку коректор за да ги камуфлирате впечатливите недоследности на кожата.
Наместо руменило, нанесете камена или пудра во прав со бисерна или бронзена боја. Ќе добиете ефектен, природен изглед.
Основното правило за летната шминка важи и за сенката за очи – помалку е повеќе!
Маскарата треба да биде водоотпорна за да се избегнат непријатни ситуации. Не мора да биде црна, ефективно ќе делуваат и кафена, сина или виолетова.
Усните заштитете ги со балсам со УВ-заштита. Со боја на корал, малина или праска и течен сјај како завршница, ќе го добиете убавиот ефект „водени усни“.