Која фризура му одговара на тркалезното лице!
Ако имате тркалезно лице, треба да внимавате каква фризура ќе изберете, затоа што фризурата може да ја потенцира убавината на лицето или обратно, да направи лицето да изгуби од убавината и со телото, да добие несразмерен изглед.
Затоа, првиот чекор до убава фризура за жена со тркалезно лице е да избере фризер што ги разбира работите.
Најпогодна за тркалезно лице е долгата коса, до рамена или малку подолга. Добар избор се и лесните локни и краеви навнатре свиткани наместо нанадвор. Најважно при потстрижувањето е да биде со степени. Тркалезните лица изгледаат најдобро кога косата има повеќе степени.
Добра страна на тркалезните лица е што им прилегаат повеќе различни должини. Единствена должина што треба да се избегнува е таа до брадата. Оваа должина му дава дополнителна заобленост на лицето и го прави уште потркалезно. Ако, покрај тркалезно лице, имате и густа или виткана коса, уште понепожелна е должина до брада. Треба внимателно да се избираат и шишки или да се избегнат.
Каква и да е должината и густината на косата, најважно е да се одвлече вниманието од обликот на лицето. Добрата фризура не само што го постигнува тоа, туку на изгледот му дава стил и особеност.