Трикови за нега на косата: Како да се отстрани непријатниот мирис?

Објавено: 8 мај, 2013, во 06:52 часот

Доколку долго сте престојувале во задимена просторија и косата ви примила некој непријатен мирис,следните три совети добро ќе ви дојдат.

Ладен третман : Доколку немате многу време, прва помош ќе ви биде фенот кој најпрво ќе го направите за дува ладен воздух. Наведнете се напред, префрлете ја косата и добро растресете ја и исушете ја. Непријатниот мирис нема да го снема во целост но сепак ќе бидете задоволни со резултатот.

Шампон за суво миење: Шампон во прав после кој плакнење со вода не е потребно, има состојки кои ги впиваат незгодните мириси и ја освежуваат косата. Не е лошо да го имате овој препарат зашто никогаш не се знае кога ќе ви биде потребен.

Парфем: Ако немате при рака шампон за суво миење на коса, ќе послужи и парфем. Испрскајте ја косата со него и исчешлајте ја. Алкохолот од парфемот ќе го намали непријатниот мирис. Иако нема да биде совршена како кога ќе ја измиете сепак косата поубаво ќе ви мириса.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.