Каков е тој идеален маж ?

Објавено: 8 мај, 2013, во 08:02 часот

На цела среќа вкусовите се различни па не можеме да зборуваме за еден маж кој сите жени би го сметале за совршен. Но постојат некои особини  кои многу жени ги сметаат за посакувани и кои секој маж ќе го направат идеален. Ви откриваме каков е тој идеален маж.

Романтичен – Не бараме секојдневно мажите да не изненадуваат со песни под прозорец или скапоцени подароци, но ситници како дарување цвеќе, отворање на врата, тие гестови ќе знаеме да ги почитуваме.

Внимателен слушател – Никој од нас не зборува само за да не молчи. Сите со зборување сакаме да испратиме порака па затоа ни е важно внимателно да не слушаат.

Се труди околу вашите пријателки – Мажот на кој сте му важни ќе знае колку ви се важни вашите пријателки  и ќе се труди да ги импресионира. Таквиот маж веднаш и на вас ќе ви биде попривлечен.

Готви – Не очекуваме дека секојдневно ќе не изненади со врвно јадење но мажот кој од време навреме ќе ни зготви вкусна вечера, на многу жени ќе им биде премногу идеален.

Галантен – Мажот кој го крие паричникот како змија нозе нема да биде привлечен за ниедна жена. Не бараме маж кој беспотребно ќе се расфрла со пари но и скржавецот сигурно дека не го сакаме.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.