Никаде без часовник!
Објавено: 9 мај, 2013, во 06:30 часот
Часовникот е дефинитивно универзален моден додаток. Одлична е веста дека токму тој оваа сезона е неизоставен дел од севкупниот изглед на тинејџерките.
Можете да го комбинирате со различни стилови а неизоставен дел е од street style изгледот. Во последно време,посебно е популарен glam rock style, кој со додаток на добар часовник изгледа неверојатно софистицирано и „чисто“.
Изборот и начинот на носење на часовник, исклучиво е ваш бидејќи се е дозволено, мал, голем, во боја или метален. Важно е само да го усогласите со целокупниот стајлинг.
Нас многу ни се допаѓа овој тренд а вас?
