Вино за вашата кожа!

Објавено: 9 мај, 2013, во 08:00 часот

Сакате вино? Дали сте во потрага за лек кој ќе ве направи помлади? Според Richard A. Baxter, пластичен хирург од Сиетл, виното може да направи чуда на вашата кожа и кај мажите и кај жените.

Главна придобивка е неговото дејство против стареење. Убавите предности на виното особено на црното, одамна се откриени. Според најновите истражувања, силните антиоксиданси во виното се доволно силни да ви ја направат кожата поздрава и поубава.

 

1. Против стареење

Виното содржи голема количина на антиоксиданси кои се нарекуваат полифеноли,тие се силни и делуваат против слободните радикали кои овозможуваат дејство против стареење.

2. Контрола на акните

Полифенолот го намалува воспалението на кожата. Виното може да ви помогне да ги контролирате своите акни пред да се засили воспалението.Тоа исто така ќе ги отстрани и спречи слободните радикали, правејќи ја кожата помалку склона кон акни. Кожата без акни е една од главните предности на виното за кожата.

3.Лечење на сува кожа

Ако имате сува кожа, не заборавајте да одберете суво вино со висока концентрација на алфа хидроксилна киселина како што е лимонската, винската и јаболковата. Ова е многу корисно во обнова на природната влажност на вашата кожа што ја прави мека и нежна.

4.Ја тонира вашата кожа

Сувото црно вино може да се користи директно на кожата како тоник, тоа ќе и даде мек изглед. Ако сте склони кон акни, можете да користите суво вино како тоник.

5.Ги отстранува изумрените клетки

Измешајте една шоља бело вино или бел вински оцет со една шоља трици. Оставете нека стои 4 часа, тоа ќе делува како извонреден пилинг. Исто така можете да ја користите оваа маска еднаш неделно.

6. Заштитете ја кожата од UV оштетувања

Спрема неодамнешните истражувања,белото вино има значајни предности за вашата кожа бидејќи ја штити од UV зрачење.

Се што е добро за нашето тело, штетно е ако се консумира повеќе од препорачаната количина. Уживајте во својот омилен пијалак но  само во умерени количини.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.