Хидратантен крем за деколте!
Објавено на 13 мај, 2013 во 08:09
Веројатно водите сметка за нега на лицето,вратот и градите но дали знаевте дека хидратантниот крем кој го користите за лице може да ви послужи и за деколтето.
Многу е важно да знаете дека кремот кој го користите за деколтето покрај тоа што треба да биде хидратантен треба да соджи и заштитен фактор бидејќи кожата на деколтето е многу чувствителна и брзо старее особено ако често е изложена на сонце.
За деколтето користете креми кои содржат аминокиселини кои помагаат да се обнови колагенот и кожата да биде еластична. Потрудете се да купите крем за деколте која содржи витамин B3.
Кога избирате облека трудете се материјалите кои ги носите да не ви го покриваат вратот особено ако ве надразнуваат.