Металик тренд!
За да сфатиме дека металик бојата е дефинитивно една од водечките трендови оваа сезона,доволно е да се погледне само една ревија на модната куќа Burberry Prorsum на која сите до еден модели беа покриени со метални ткаенини.
Розе, виолетови, боја на темна вишна и сини мантили комбинирани со чевли на палтформа, чанти со контрастни бои и очила за сонце.
Мантилите со металик боја сепак малку ќе мораат да почекаат а чевлите се добредојдени.
Со тоа што на модните псити во Њу Јорк ,Лондон, Милано и Париз можеа да се видат толку многу чевли со ременчиња кај модните куќи Chloé и Dior, сандали кај Etro и Fendi, сандали на пета кај Isabel Marant и Lanvin, па дури и јапонски дрвени сандали кај модната куќа Prada.
Комбинирајте ги со се – од „bar“јакни во стилот на Dior до црно бели карирани фустанчиња.