Депилација на влакненца над горна уста!
Отстранувањето на влакненца над горната усна со восок, т.н. депилација е само еден од начините, но ако го изберете за себе, треба да имате некои работи предвид.
Почнете со чисто лице, ослободено од шминка, маснотии и нечистотии. Така восокот подобро „ќе фати“. Откако ќе го исчистите, исплакнете го со чиста вода и оставете го добро да се исуши.
Избегнувајте жежок восок. Ова особено важи за почетниците. Жешкиот восок може да остави лузни и темни флеки. Денес во продажба има многу видови готови ленти за депилирање и смеси за депилирање.
Малку камена пудра или пудра во прав може да помогне восокот подобро да се залепи на влакненцата, наместо на кожата.
Не тегнете насилно. За секој случај, имајте при рака некое масло за одлепување на восокот од кожата. Насилното тегнење може да остави ранички и модрици, на кои ќе им треба време да заздрават, а може да остават и трајни лузни и хиперпигментација.
Кожата затегнете ја кога планирате да ја повлечете лентата со восок. Колку е поцврста и затегната, толку полесно влакната ќе се откорнат. Восокот нанесувајте го во правецот на растење на влакната, но влечете во правецот спротивен од растењето на влакната. Не влечете нагоре, туку што е можно похоризонтално и блиску до кожата. Ова ќе го намали црвенилото.
Остатоците од восокот по депилирањето исчистете ги со памукче и масло.
Депилирајте ги надусните влакненца навечер затоа што периодот на спиење е одличен период кожата да се смири, црвенилото да се повлече и да стане отпорна на иртации. Избегнувајте капење, потење или изложување на сонце. Изложувањето на сонце веднаш по депилирање може да остави трајно потемнување на тој дел од кожата.
За ублажување на црвенилото или иритацијата може да помогне гел од алое вера или ладна облога.