Џинс јакната не излегува од мода !

Објавено на 14 мај, 2013 во 09:41

Кога ќе се спомене џинс јакната прва асоцијација е Levi’s, американската фирма која го доби патентот за изработка на првите џинс панталони. Од тогаш минаа години а џинс облеката никогаш не излегува од мода.

Најчесто ги носиме во пролет а на наша среќа што „ high-street“ бутиците од година во година ни нудат одлични модели во согласност со останатите модни трендови.

Ја пребаравме понудата и покрај класичните наидовме на оние со етнички детали ,бисери, етикети а последниве години популарни се и оние во боја.

Нив можете да ги обоите и дома а можете да ги носите со фустанчиња, шарени тенки панталони и сукни.

Ако сакате да ги комбинирате со фармерки треба да бидете внимателни при нивниот избор за да не изгледате смешно. Поиграјте си и оваа пролет со џинсот, изборот е голем!

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.