Жените во црвено заработуваат повеќе!
Поранешните студии открија дека мажите повеќе ги привлекуваат жени облечени во црвено. Но според новото истражување црвената боjа носи и повеќе пари.
Неодамна објавената студија открила дека мажите им даваат поголеми бакшиши на келнерките кои се облечени во црвено,пишува Cosmopolitan.
Во студијата, научниците надгледувале келнерка која носела ист модел на маици само во различни бои –црна, жолта, зелена, бела и црвена во различни денови за време од шест седмици. На келнерката и рекле секогаш да се однесува исто и да забележува колку пари од муштериите добива секој ден.
Научниците ги анализирале добиените резултати и откриле дека мажите давале од 14,6 до 26,1% повеќе пари на келнерката кога носела црвена боја додека истата боја немала ист ефект кога други жени биле во прашање.
Затоа, кога ќе закажете разговор со шефот за унапредување и поголема плата задолжително облечете нешто црвено….
